Уапсено лице од Арачиново за инволвираност во транспорт на 100 кг марихуана

Од:

На 25.08.2022 од страна на полициски службеници од Биро за Јавна Безбедност -Одделот за Криминалистичка Полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога во координација со полициски службеници од СВР Куманово во с.Никуштак, Куманово лишен е од слобода С.И. (40) од с.Арачиново, Скопје. Лицето е лишено од слобода како резултат на спроведена истрага со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случај на заплена на 100 кг наркотична дрога марихуана на 31.03.2022 во Штип.

Во рамките на истрагата обезбедени се материјални докази за инволвираноста на наведеното лице во случајот. Во координација со СВР Скопје ЕНТДО и интервентна полиција, по претходна издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом во село Арачиново, при што биле пронајдени мобилни телефони и сим картички.

Денеска (26.08.2022) по поднесен предлог од страна на надлежниот Јавен Обвинител од ОЈО за ГОКК до Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на лицето С.И. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и истиот е спроведен во истражен затвор Скопје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он