Бугарскиот службен премиер најавува решителен одговор за мигрантскиот притисок врз државата

Од:

Бугарија ќе има решителен одговор за интензивираниот мигрантски притисок во изминатите неколку месеци, нагласи денеска вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев на почетокот на владина седница, јави БТА.

Донев тврди дека полицијата и армијата заедно и во координација ќе ја чуваат државната граница на Бугарија.

„И покрај сомнежите за соучесништво на претставници на системот на МВР во мрежата на трговија со луѓе, убеден сум во силната мотивација на полицајците и воениот персонал кои ќе бидат вклучени во чувањето на нашите граници. Доколку е потребно – да се побара соработка и интеракција со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс. Сите служби, чија основна задача и функција е обезбедување на националната безбедност, да ги интензивираат активностите за спречување на таа појава, за да нема изненадувања кога 15-годишно момче со хуманитарен статус вози автобус со 47 илегални мигранти“, повика премиерот во врска со вчерашниот инцидент во Бургас, во кој загинаа двајца бугарски полицајци.

Според него, јавна тајна е дека трговијата со луѓе се врши преку договорени и проверени патни рути.

„Штом локалното население може да ги посочи каналите на нелегален сообраќај кон Србија и Романија, преку Бугарија, за тоа треба да се известат службите. На МВР му доверувам задача да врши строга контрола и надзор на патишта каде има шверц на мигранти“.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени