Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкциja, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за возач почетник…, соопшти МВР.
– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.