Бугарија го поддржува договорот за издавање визи потпишан меѓу ЕУ и Русија, изјави на редовниот брифинг службениот заменик министер за надворешни работи и портпарол на бугарското Министерство Костадин Коџабашев.
Предлогот на чешкото претседателство со ЕУ за раскинување на договорот на ЕУ и Русија за издавање визи за европски граѓани и на руски граѓани ќе биде разгледан на состанокот на крајот на август во Прага на меѓународниот форум посветен на Украина со учество на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ, најави тој.
На брифингот беше најавено и дека Министерството за надворешни работи на Бугарија ќе им помогне на претставниците на бугарските заедници во Албанија да се сретнат со претседателот Румен Радев во врска со претстојниот попис во Албанија.
Локалните медиуми во Бугарија потсетуваат дека бугарското малцинство во Албанија било признаено од властите во Тирана уште во 2017 година.
Извор: МИА