Вонредни инспекции во сите институции во кои било третирано 25-годишното момче кое почина по вадење заб

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прави вонреден инспекциски надзор во сите институции во кои било третирано 25-годишното момче од Берово кое почина по вадење заб. Директорката Иринка Сотирова – Бухова за „А1он“ вели дека вонредниот надзор е почнат.

„Надзорот во болницата во Штип ќе биде утре. Инициран е вонреден надзор не само во оваа болница туку и во сите останати здравствени институции во кои било третирано момчето“, рече директорката Сотирова-Бухова.

Момчето починало вчера на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје каде што било донесено во многу тешка состојба.

Роднини на момчето на социјалните мрежи споделуваат дека починало оти во штипската болница дренот по интервенцијата на забот му бил ставен наопаку поради што била предизвикана сепса, а било испратено дома.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски