Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед го извести Челзи дека е подготвен да го продаде Вејн Руни, само доколку најде замена за него.
Управата на Јунајтед летово одби две понуди на Челзи за Руни, кој во повеќе навради изрази желба да замине од Олд Трафорд.
Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо изјави дека до крајот на минувачкиот рок, 2-ри септември има намера да испрати и трета понуда за англискиот репрезентативец.
Елена Георгиевска