Жерновски: Стопирајте ја барокната зграда и ќе има ребаланс

Од:

„Цинично е да ги исечете дрвјата пред Бристол во раните утрински часови и брутално да се пресметувате со оние кои застанаа за одбрана на зеленилото, меѓу нив и стари лица и деца, а во исто време да барате пренамена од пари на буџетот на Општина Центар за обновување и подигнување на нови јавни зелени површини на територија на општината“, вака реагира градоначалникот на денешната прес конференција на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Од друга страна , вели градоначалникот Жерновски е елементарно непознавање на законската регулатива од страна на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Жерновски посочи дека доколку советниците од ВМРО – ДПМНЕ ја прашале владата, таа ќе им објаснела дека парите од комунални такси се строго наменски за инфраструктурни приклучоци.

„Јас имам подобар предлог, кој целосно е во интерес на граѓаните. Веднаш ќе ги вратам средствата на владата, доколку владата веднаш го стопира и се откаже од градењето на нова барокна зграда – Совет за радиодифузија“, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

На обвинувањето од ВМРО – ДПМНЕ дека се однесува лицемерно, Жерновски вели дека врв на лицемерие е ноќе да сечете дрва, а по неколку дена да барате ново зеленило. Ваквото лицемерно однесување, вели Жерновски е веќе препознаено од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории