Грчкиот министер за јавен ред, Такис Теодорикакос изјави дека за помалку од еден месец грчките власти спречиле околу 25.000 мигранти илегално да влезат во државата.
– Само во текот на август досега 25.000 илегални мигранти се обиделе да влезат преку грчко-турската граница. Тоа е многу голем број, рече Теодорикакос.
Тој ја обвини Турција дека ги насочува барателите на азил кон Грција и додаде дека притисокот врз копнените и поморските граници со Турција „прераснува во посебна закана за интегритетот и безбедноста на Грција“.
-Очигледно е дека турската страна систематски, методично и сложено ги користи овие несреќни луѓе, рече Теодорикакос.
Извор: МИА