Како што најави на нејзиниот голем концерт на отворено во јули, Каролина Гочева вчера го претстави синглот „Од небо до дно“, нејзината прва поп песна после 12 годишна пауза.
Музиката е на Каролина Гочева, аранжманот на песната е на Роберт Билбилов, а текстот на Владимир Даниловиќ и Весна Малинова.
Снимањето, микс и мастеринг се одвиваше во „JUST RB PRODUCTION“, додека видео спотот е режиран и реализиран од „Пирка“.
Зад целиот проект, како извршен продуцент стои Авалон Продукција.