Саудиска Арабија може да ја снабдува Бугарија со гас и нафта

Од:

Министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков и амбасадорот на Саудиска Арабија во Софија Халид бин Камал Факих разговарале за билатералната соработка во енергетскиот сектор, соопшти прес-службата на Министерството.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Саудиска Арабија е подготвена да испорача нафта и природен гас во Бугарија.
Главен фокус на нивната средба била подготвеноста на саудиската страна за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетиката.

Министерот Милков му се заблагодарил на амбасадорот и истакнал дека треба заедно да се проучат методите и средствата за реализација на ваква испорака.

Двајцата разговарале и за партнерство во области како што се економијата, инвестициите, земјоделството, туризмот, одбраната, високите технологии и здравството.

Истовремено, заменик министерот за надворешни работи Костадин Коџабашев се сретна со амбасадорот на Азербејџан во Софија Хусеин Хусеинов. Покрај 30-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу Бугарија и Азербејџан, двајцата разговарале и за улогата на Баку во енергетскиот сектор на Софија.

Според Коџабашев, Азербејџан е приоритетен партнер на Бугарија во Јужен Кавказ и во поширокиот регион на Црното Море, а особено во областа на енергетската диверзификација. Тие разговарале и за посетата на претседателот на Азербејџан Илхан Алиев на Бугарија на есен.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени