Употребата на хемиско оружје во првиот работен ден на експерите на ОН во Сирија би било политичко самоубиство, изјави за западни медиуми висок претставник на сириските сили за безбедност.
– Сите анализи покажуваат дека не е во наш интерес да употребиме хемиско оружје во момент во кој на место работи меѓународна комисија, навел изворот.
Сириската опозиција соопшти вчера дека режимот на Башар Асад убил 1.300 луѓе со употреба на хемиско оружје во предградија на Дамаск.