Еврокомисија: Европа се соочува со најинтензивна суша во изминатите 500 години

Од:

Проценките на Европската комисија укажуваат дека Европа се соочува со суша најлоша во изминатите 500 години.

„Ова е секако само првична проценка што треба да биде потврдена со конечните податоци до крајот на сезоната“, изјави портпаролот на Еврокомисијата Јоханес Бахрке, повикувајќи се на вчера објавените резултати од истражувањето спроведено од Службата за наука и знаење на Европската комисија.

Според истражувањето, речиси половина од Европа е загрозена од суша.

Во извештајот се наведува дека на 10 август 47 отсто од континентот го достигнал нивото на предупредување за суша, додека 17 отсто од испитаните региони се во состојба на целосна приправност.

Истражувачите велат дека условите за суша се поврзани со ретки врнежи и продолжени периоди проследени со топлотни бранови од мај досега, што резултираа со пад на водостојот на реките низ Европа. Намалените количества вода негативно се одразиле врз енергетскиот сектор, како за производството на струја во хидроцентралите така и за системите за ладење на другите капацитети за производство на електрична енергија.

Сушата значително ги намалила и приносите на земјоделските култури, а најпогодени се пченката, сојата и сончогледот, велат истражувачите.

„Влагата на почвата и вегетацијата се сериозно погодени“, се вели во извештајот, наведувајќи повеќе од десетина земји со зголемен ризик од суша меѓу кои и Германија, Франција и Велика Британија.

„Остатокот од Европа што веќе е погоден од суша, бележи екстремно суви услови“, се наведува во извештајот.

Регионите со највлошени услови се оние што веќе беа погодени од суша во пролетта 2022 година – како северна Италија, југоисточна Франција и некои области во Унгарија и во Романија.

Истражувачите предвидуваат дека до ноември во западниот евро-медитерански регион веројатно ќе преовладуваат потопли и посуви временски периоди од нормалните.

„Неодамнешните врнежи би можеле да ги ублажат условите во некои региони на Европа, но штетите придизвикани од невремето би можеле да ги намалат корисните ефекти од врнежите“, проценуваат експертите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани