Цивилите во страв од руските напади го напуштаат Киев

Од:

Советникот на украинскиот претседател Александар Родњански за Би-Би-Си изјави дека многу цивили го напуштаат Киев во страв од руски напад во пресрет на утрешниот празник Денот на независноста на Украина.

„Секако дека постои загриженост во воздухот“, вели Родњански.

Според него луѓето реагираат на вестите и најавите дека е можен голем руски напад , и затоа се трудат да имаат планови за вонредни ситуации, и се обидуваат да не поминуваат премногу време во близина на центарот, каде се наоѓа зградата на украинската влада.

„Постои ризик Русија да се обиде да нападне токму во тој момент за да ја надомести неспособноста да постигне каков било успех на фронтот, да има каков било успех во покорувањето на Украина и во основа сите неуспеси во последните шест месеци“, рече Родњански.

Тој нагласи дека Владата воспоставила противвоздушна одбрана и дека во тек се антитерористички операции за борба против сите планирани руски напади.

Претходно денеска и американската амбасада во Киев ги повика американските граѓани да ја напуштат Украина, наведувајќи дека Стејт департментот има информации дека Русија планира да изврши напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти во Украина во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ