СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ доживеа изборен дебакл

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ доживеа изборен дебакл, на вонредните локални избори. Граѓаните јасно порачаа дека сакаат напредок, европски вредности и не сакаат блокади, деструкции и лаги. Двојната победа на СДСМ и коалицијата покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните“, соопшти СДСМ.

„Сите анкетите што ги нарачуваат од ВМРО-ДПМНЕ се лажни и погрешни.

Иако нивните нарачани анкети покажуваат поинаку, на првото изборно соочување Ковачевски го победи Мицкоски.

Изборите завршија со двојна победа на СДСМ и коалицијата во двете општини каде што се бираа градоначалници, Центар Жупа и Маврово Ростуше, и со драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

Со овој изборен пораз уште еднаш се поразени сите лаги пласирани од ВМРО-ДПМНЕ, сите деструктивни и погрешни политики на Мицкоски.

Со својот глас за СДСМ и коалицијата, граѓаните покажаа дека знаат да ги препознаат вистинските политики, застанаа зад вистинските луѓе и зад вистинскиот, европски концепт, кој ја води државата напред“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!