133 санкционирани возачи во Скопје, 21 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи извести дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз…., соопшти МВР.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он