СДСМ: Поразот на Мицкоски во Маврово Ростуше е директен, загуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ член на ИК

Од:

„Со двојната победа на СДСМ и коалицијата на вонредните избори за градоначланик во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа, граѓаните му испорачаа жежок шамар на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.

„Поразот на Мицкоски во Маврово Ростуше е директен и уште поголем бидејќи загуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е член на Извршниот комитет на партијата.

Тој загуби од кандидатот на СДСМ и Коалицијата со разлика од 1.300 гласови.

Истовреме на вонредните избори за советници во општина Тетово ВМРО-ДПМНЕ забележа драматичен пад на поддршката од граѓаните. Од скоро 6.000 гласови во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ падна на 3.000 гласови на гласањето во саботата.

ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, која има над 80.000 гласачи, освои помалку гласови од СДСМ и коалицијата во Центар Жупа.

Колку и да се мачи ВМРО-ДПМНЕ не може својот дебакл на вонредните локални избори да го претстави како победа.

Затоа и Мицкоски со денови никаде го нема да се огласи, ниту со статус на Фејсбук“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа