Од ноќеска поскапуваат горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 18.08.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,065%, кај дизелот зголемување во просек за 2,069%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,971% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,557.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,128 ден/кг.

Од 23.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89,00 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 93,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 90,00 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм).

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски