Претседателот на Австрија доживеа потрес на мозокот шетајќи во природа

Од:

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен доживеа благ потрес на мозокот за време на прошетка во парк во природа, објави од официјалниот профил претседателот на Твитер.

Тој се лизна вчера попладне во австрискиот планински природен парк Каунеграт и се здоби со полесен потрес на мозокот и гребаници.

Неговото обезбедување од специјалната полициска единица Кобра го однело во најблиската болница.

Ван дер Белен превентивно ја мина ноќта во болница, следејќи ги советите на лекарот и го откажа учеството на европскиот форум Алпбах за денеска и утре.

Би можело да ве интересира

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он