Бугарија е домаќин на заедничка вежба Balkan Spirit – 2022

Од:

Тристрана заедничка вежба „Балкански дух – 2022“ со учество на формации од Бугарија, Романија и Грција се одржува од денеска до 2 септември во Бугарија, на територијата на регионот Пловдив и Пазарџик, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана.

Во подготовката учествуваат формации од специјалните сили на трите земји. Задачите ќе се извршуваат и заедно со воздухопловните сили на бугарската армија.

Целта на обуката, што се одржува во изминатите три години, е да се зголеми интероперабилноста и извршувањето на заедничките специјални операции, како и можностите на формациите за акции во реално опкружување, јави БТА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени