Приврзаници на соборениот египетски претседател исламист Мохамед Морси ги повикаа жителите на државата да учествуваат утре на протести наречени Петок на мачениците.
Протестите се против преземањето на власта од страна на армијата.
Во соопштение, организацијата се нарекува Национална коалиција за поддршка на правото, и бара враќање на Морси на функцијата. – Ќе останаме неопколебливи на патот на уништување на воениот преврат, се вели во соопштението.