Црвенковски-Тачи: Груевски додека лажеш, Македонија се обединува против тебе

Од:

Некогаш лутите противници Црвенковски и Тачи се ракуваа и седнаа на маса и договорија заеднички настап на локалните избори.

Ова е првпат во македонската историја да се склучи договор на македонска и албанска партија а причините велат Црвенковски и Тачи се катастрофалната економска и социјална состојба, блокираните евроатланстски интеграции и фактот дека Македонија станува се понедемократска држава.

Виновникот го лоцираат во владеачката партија а излезот во промена на власта.

„Имаме заеднички ствави но и сериозни разлики“, рекоа Црвенковски и Тачи. За СДСМ Охридскиот договор треба целосно да се спроведе а за ДПА тоа е не доволно.

„ Не очекував дека владата ќе ја поздрави оваа соработката, но убеден сум дека граѓаните ќе ја поддржат“, уверува Тачи и додава дека се што ќе биде договорено ќе биде транспарентно.

Тачи и Црввенковски се сеќаваат на изјавата кога лидерот на ДПА делеше чинови и четнички кокарди за Црвенковски и соработниците, но сега Тачи вели дека „ако ги анализира Груевски и Ахмети од нивната соработка сега има многу гробови и издишана работа се таквите прашања“.

„Јавно сме се обвинувале и разменувале тешки зборови но кога вака некогаш жестоки противници решија да ги остават разликите настрана покажува до какво дереџе е донесена Македонија и е доказ за погубните политики на власта“, рече Тачи.

„Нема да затвораме медиуми, нема да бркаме медиуми, а земјата ќе се врати на правиот пат кон ЕУ и НАТО“, рече лидерот на ДПА.

Тачи потсети дека секогаш кога овие две политички партии соработувале имало мир и спокојство.

Партиски тимови ќе ја прецизираат соработката но начелно е договорено ДПА да ги поддржи кандидатите на СДСМ и опозициските партии каде што нема шанси да победи Албанец кандидат за градоначалник и обратно.

Црвенковски рече дека очекува почеток на црната кампања од како што рече Центарот за лаги и манипулации преку медиумските инсталации на власта. На Груевски му порачача

„Слободно продолжете со негативнта кампања, додека вие лажете, Македонија се обединува против вас“.

Тачи објасни од каде е стравот кај Ахмети и Груевски.

„ДПА која ќе го подржи кандидатот на СДСМ и опозицијата во Скопје има 18.000 гласови. СДСМ во Тетово и Гостивар има 6000 гласови, а во Струга 9000 гласови“.

И Тачи и Црвенковски ги нарекуваат како „глупави“ шпекулациите и написите во денешните весници околу симболиката за местото на средбата. Сопственикот на „Петрол Компани“ велат е наш заеднички пријател. Црвенковски праша дали со досегашните средби во Александар Палас ја прифаќа „политиката на антиквизација“.

Катерина Цаневска Арсовска

 

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Трагедијата во Кочани е масовно убиство со потпис на државата

(ВИДЕО) Илиевска – Силјановска: Зошто на Љутков му се дозволува вакво аздисување и злоупотреба на парите на граѓаните?

СДСМ: Се организира прикривање на одговорните во Кочани

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го бранат криминалот на урбаната мафија во Чаир

СДСМ: Пеколот во „Пулс“ го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени