Армијата гранатира квартови од Дамаск контролирани од бунтовниците

Од:

Силите на сирискиот претседател Башар Асад бомбардираа денеска предградија на Дамаск што се под контрола на бунтовниците, еден ден откако опозицијата ја обвини армијата за масовни убиства по напади со хемиско оружје.

Според опозициски активисти на кои се повикуваат западни медиуми, источните квартови на Дамаск, Цобар и Замалка биле гранатирани.

Армијата гранатирала и позиции на бунтовниците во квартот Кабун како и делови од палестинскиот бегалски камп Јармук.

Советот за безбедност на ОН синоќа, по одржувањето на итниот состанок за ситуацијата во Сирија, соопшти дека е неопходно да се појаснат извештаите за наводниот напад со хемиско оружје во предградија на Дамаск, но не побара спроведување истраги во кои ќе учествуваат инспекторите на ОН кои моментално се наоѓаат во Сирија.

– Постои сериозна загриженост меѓу членките на Советот за обвиненијата и општиот впечаток дека мора да постои појаснување за она што се случило и дека ситуацијата треба внимателно да се следи, изјави аргентинската амбасадорка во ОН Мариа Кристина Персевал по седницата, која беше затворена за јавноста.

САД, Велика Британија и Франција се меѓу 35-те држави кои побараа инспекторот на ОН Аке Селстром, чиј тим моментално се наоѓа во Сирија, да го истражи овој инцидент што е можно побрзо.

Дипломатите во ОН, меѓутоа, истакнаа дека Русија и Кина биле против формулацијата со која се бара истрага од страна на светската организација.

Сириската опозиција го обвини режимот на лидерот Башар ал Асад дека неговата војска вчера употребила хемиско оружје во нападот врз бунтовниците во предградија на Дамаск, при што загинале 1.300 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија