СДСМ: Граѓаните избраа напредок, двојна победа на владејачката коалиција во Центар Жупа и Маврово Ростуше

Од:

„Коалицијата предводена од СДСМ освои двојна победа на вонредните локални избори за градоначалник во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа“, соопшти СДСМ.

„Граѓаните избраа напредок, граѓаните на изборите потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец, кој ја води државата напред.

Во овие тешки времиња граѓаните ги препознаа вистинските политики и со големо мнозинство ја дадоа својата доверба на СДСМ и коалицијата, на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина.

Европска Македонија е единствениот апсолутен победник на овие избори, гласи јасната и силна порака од вчерашните избори“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он