(ВИДЕО) Ковачевски: Маврово и Ростуше масовно гласаа за Медат Куртовски, нека ни е честита победата

Од:

Со 3238 наспроти 1900 гласови, кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мевмед Џафери за градоначалник на Маврово и Ростуше, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од општината во која веќе ја слават победата.

Тој оцени дека изборите поминале во демократска и достоинствена атмосфера, а граѓаните својот глас го дале за Куртовски бидејќи сакаат општината да оди напред.

Ковачевски го поздрави и опонентот од ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник, коментирајќи го заедничкиот придонес во демократските избори и порачувајќи дека од утре ќе треба сите заедно да градат успешна општина.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата