Најмалку 20 луѓе загинаа при нападот на исламистите во Могадишу

Од:

Сомалиската полиција денеска соопшти дека 20 лица загинале, а 40 се повредени во нападот на исламистите во Могадишу по неколкучасовна размена на оган со безбедносните сили.

Нападот почна со експлозии пред хотелот Хајат пред вооружените лица да влезат во зградата. Безбедносните сили сè уште работат на ставање крај на опсадата на хотелот речиси 24 часа по почетокот на нападот.

Исламистичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот.

Групата е позната по нападите врз сомалиските безбедносни сили, како и врз хотели и други објекти, првенствено во главниот гÑ �ад на Сомалија.

Засега не е познат идентитетот на жртвите, но се претпоставува дека има многу цивили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија