ВИДЕО: Ковачевски прогласи победа на единствениот пријавен кандидат за градоначалник во Центар Жупа

Од:

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва, по затворањето на гласачките места и завршување на вонредните локални избори за градоначалник ги посети граѓаните на Центар Жупа. Во оваа општина веќе се прославува извесната победа на кандидатот за градоначалник од владината коалиција, Аријан Ибраим.

„Заедно со граѓаните сакам да ја честитам победата на Аријан Ибраим за градоначалник на Центар Жупа. Граѓаните на Центар Жупа со својата одлука потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец по кој треба да се движи општината но и државата. Граѓаните го поддржаа кандидатот на владејачката коалиција, предложен од ТДП, Аријан Ибраим . Беа победени сите оние деструктивни сили кои сакаа изборите во Центар Жупа да не успеат. Граѓаните знаат дека изборот на градоначалник значи понатамошен развој на општината, понатамошно инфраструктурно развивање на општината и затоа го направија вистинскиот избор, а тоа е Аријан Ибраим“, рече Ковачевски во обраќањето од Центар Жупа.

Претседателот Ковачевски рече дека изборниот ден беше одлично организиран, државата покажа демократски капацитет како што доликува на земја членка на НАТО и идна членка на ЕУ.

Услов за успех на денешните избори во Центар Жупа беше одѕив на гласачите од една третина. Според информациите на ДИК, до 18.30 часот во оваа општина на гласање излегле 46,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност