Министерството за внатрешни работи известува дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР
„Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.