Шест лица, меѓу кои две деца загинаа во сообраќајна несреќа во Франција

Од:

Во верижен судир на две возила, едното регистрирано во Шпанија, а другото во Франција, на патот што го поврзува Тулуз со Андора, загинаа шест лица, меѓу кои две деца, а неколку лица се повредени, соопшти локалното обвинителство.

„Шест лица ги загубија животите, меѓу кои и две деца“, соопшти обвинителството во Тулуз, додавајќи дека две лица се тешко повредени, а две се здобиле со полесни повреди.

Полициската префектура во близина на Тулуз соопшти дека е отворена истрага за точните околности на несреќата и дека се работи на идентификување на жртвите.

Би можело да ве интересира

Двајца повредени во сообраќајка во Скопје

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Шеесет и деветгодишна жена е жртвата во синоќешната сообраќајна несреќа во Чаир

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајка во Струмица

Горан Наумовски

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир

Четворица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка

Горан Наумовски