Уапсени двајца албански државјани поради шверц на 50 кг. охридска пастрмка

Од:

Денеска (19.8.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, кај крстосницата на влез во село Радолишта, струшко, лишени од слобода се С.М.(39) и А.С.(43) двајцата од Р.Албанија.

При извршена контрола во патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, биле пронајдени 50 кг. риба, поточно 81 парче охридска пастрмка и 20 рибарски мрежи во единечна должина од по 100 метри, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон Р.Северна Македонија.

С.М. и А.С. биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор Франгово и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси двајца возачи кои со своите возила удрија пешаци во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Со набавката на канцероген мазут бил загрозен животот на граѓаните

Уапсени насилниците кои во Нови Сад со палки тепаa студенти, тешко повредија девојка

Горан Наумовски

Уапсени три лица во врска со пожарот во старечки дом во Белград

Се претставувале како обвинител и санитарен инспектор и барале пари од жртвите

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица