Легендарниот играч на Рома и светски шампион со Италија од 2006 година, Даниеле Де Роси, е подготвен за својата прва работа како главен тренер. Тој е блиску до договор да седне на клупата на второлигашот Беневенто, пишува „Кориере дело Спорт“.
Де Роси, кој во моментот е еден од асистентите на Роберто Манчини во репрезентацијата на Италија, треба да го наследи Фабио Касерта, кој се соочи со отказ по лошиот старт на сезоната.
Доколку легендата на Рома ја добие работата, тој би можел да дебитира против поранешниот соиграч Фабио Гросо, кој исто така го освои Светското првенство со Италија во 2006 година и моментално е на клупата на Фросиноне.
Извор: Топспорт