Рузмаринот е миризлива билка која совршено се совпаѓа со медитеранската кујна, а во медицината се користи како аналгетик и како средство против главоболка, но помага и при проблемите во варењето.
Меѓутоа, една од нејзините највредни и најинтересни квалитети е што помага при подобрување на помнењето.
Најновото истражување потврдува дека мирисот на рузмарин, во облик на етерични масла, може да ги зајакне когнитивните способности за дури 75 отсто. Рузмаринот ја поттикнува циркулацијата и протокот на крвта кон мозокот и со самото тоа има позитивно влијание и кога во прашање се вниманието и концетрацијата, што е многу важно во секојдневниот живот.
Истражувањата покажале и дека рузмаринот содржи спој познат како 1,8-цинеол, што делува на биохемиските системи врз кои се темели помнењето.
Ова иглолисно растение е преполно со манган и железо, калциум, магнезиум и витамин Ц, а има и седативни, диуретски и антисептички својства. Делува противвоспалително, а за време на летните месеци е идеален за растерување на здодевни инсекти како муви и комарци.