ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот на СДСМ од Маврово и Ростуше сомнително исплаќал народни пари

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за општината Марвово и Ростуше, Медат Куртовски од позиција владин повереник исплаќал сомнителни трансакции на свои блиски роднини, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено Куртовски исплатил 1000 евра на својот шура и 950 евра на својот дедо. Вакви скандалозни исплати се правени и во основното училиште во Скудриње. Доколку имаше правна држава уште вчера после објавата на медиумите за оваа афера, надлежните институции ќе отвореа случај за ваквите исплати. Ама институциите молчат, а парите се таманат.

Со други зборови функционерите на СДСМ арчат народни пари без око да им трепне и ги делат на свои луѓе како да се работи за семејно наследство. Ете затоа државата и општините раководени од СДСМ се во таква финансиска состојба. Ете затоа сме на ова дереџе.

Народните пари ако не се поделени како хонорари, тогаш се дебели криминални тендери, ама битно во џебовите на функционерите на СДСМ. Во услови на тешка криза, 500 илјади сиромашни граѓани, колабирано стопанство, екипата на Ковачевски парите ги арчи и око не им трепнува. Ова мора да престане. Народот ќе ја порази оваа неспособна, неодговорна и криминогена структура на СДСМ, се вели во партиското соопштение на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски