Центар ги додели субвенциите за поправка и санација на лифтови и покриви на згради во општината

Од:

Врз основа на јавниот повик за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар, оваа година одобрени се субвенции за реконструкција на 9 лифтови и 1 покрив на колективни станбени објекти постари од 15 години. Вкупната сума обезбедена за јавниот повик изнесуваше 3.000.000 денари, а искористени се 1.873.394 денари.

„Заедниците на станари аплицираа за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постојните лифтови во согласност со Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење лифтови и транспортери.

Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и кровни покривки е наменета за замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки на колективни станбени објекти и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под условите што беа наведени во јавниот повик“, соопштува Општина Центар.

„Оваа година ќе се изврши поправка и санација на лифтовите на следните згради: ул. „Орце Николов“ бр. 98; ул. „Народен Фронт“ бр.7, бр.11, бр.5/37, бр. 23 влез 2 и бр. 27; булевар „Кочо Рацин“ бр. 8; ул. „Козара“ бр. 64 влез 3 и булевар „Партизански одреди“ бр. 7/1 влез 1, а субвенции за поправка на покривот добија станарите на зградата на ул. „Народен Фронт“ бр.23 влез 1.

Ова е петта година по ред како Општина Центар ја реализира програмата за субвенционирање на поправка и санација на лифтови и кровни конструкции, а досега реконструирани се вкупно 102 лифтови и кровни конструкции на колективни станбени објекти во општината“, се наведува во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он