Аднан Џаферовски можен нов директор на Финансиска полиција: Немам разговарано за таа работа, би ја прифатил функцијата

Од:

Аднан Џаферовски најверојатно ќе биде предлогот на СДСМ до Владата, за в.д. директор на Управата за финансиска полиција, дознава „А1он“. Во внатрепартиските калкулации кој да го наследи Арафат Мауреми, откако тој и јавно обзнани дека се повлекува од функцијата, Џаферовски ја добил поддршката од сопартијците.

Засега за ова нема потврда од СДСМ, а ниту став од Владата бидејќи се уште не е состаната кадровската комисија по која предлогот преоѓа на владина седница.

„А1он“ го исконтактира Џаферовски, кој вели дека не е известен дека е предлог за в.д. директор, но вели дека доколку тоа се официјализира, би ја прифатил функцијата.

„Никој ме нема повикано да разговараме за таа работа. Јас ги исполнувам сите услови за таа позиција. Би ја прифатил функцијата, но не сум известен“, вели Џаферовски во кратка изјава за „А1он“.

Џаферовски беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, а специјализирал бизнис и менаџмент. Тој беше член и на Извршниот одбор на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ

А1он

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за раководно службено лице во Општина Радовиш

Владата одлучи: Ивановски е нов в.д. директор на финансиската полиција, а Селами е избран за директор на ДЗС

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

A1on