Најмалку три лица се повредени во бранот бомбашки напади во три провинции на крајниот југ на Тајланд, каде муслиманските сепаратисти се активни речиси две децении, соопштија денеска локалните власти.
Најмалку 17 напади се случија синоќа во провинциите Патани, Наративат и Јала, во продавници и бензински пумпи.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.
Во Тајланд, каде што жителите се претежно будисти, на далечниот југ се единствените провинции со муслиманско мнозинство.
Повеќе од 7.300 луѓе се убиени во тие области од почетокот на бунтот во 2004 година.
Извор: МИА