Бебе киднапирано во ГТЦ, со такси однесено во Ѓорче Петров

Од:

Бебе било киднапирано во Градскиот трговски центар, дознава „А1он“. Настанот се случил утрово, околу 11 часот. Бебето било одземено од мајка, која стоела пред маркет во трговскиот.

Киднапирањето било пријавено во полиција, потврдуваат и од МВР. Според информации од „А1он“ веднаш бил прегледан видео надзорот, по што експресно бил утврден идентитетот на жената која го киднапирала детето. Таа била пронајдена во Ѓорче Петров.

„Детето и С.С. (жената која го киднапирала) се пронајдени на територија на Ѓорче Петров и С.С. е приведена во полициска станица. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и известен е јавен обвинител“, велат од МВР за „А1он“.

Жената која го киднапирала бебето стигнала со Ѓорче Петров со такси возило. Таа ќе добие кривична пријава.

„Против С.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство и таа ќе биде изнесена пред судија на претходна постапка“, додаваат од МВР за „А1он“.

Случајот го работи МВР заедно со обвинител од Јавното обвинителство-Скопје.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски