Поведена постапка за проверка на наводите за пропусти при регистрација на здружение на граѓани

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид извести дека денеска по допрен глас оформило предмет за да ги испита наводите за евентуални пропусти при регистрацијата на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ – Охрид. Издадена е наредба до Централниот регистар за обезбедување на целокупната документација поврзана со регистрацијата на наведеното здружение.

„Од мај годинава, по поднесена кривична пријава од една политичка партија, оформен е предмет и во Основното јавно обвинителство Битола кој се однесува на регистрацијата и функционирањето на Културниот центар „Иван (Ванчо) Михајлов“.

Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување докази до СВР Битола, како и барања за податоци од Централниот регистар и Министерството за правда“, се наведува во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага