Контролирани 38 возила за јавен превоз на подрачјето на СВР Тетово, санкционирани 5 недостатоци

Од:

Денеска од 06.00 до 10.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 38 возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси комбиња, извести МВР.

– При контролата биле откриени и адекватно санкционирани 5 прекршоци (ГВ), за технички и други недостатоци. Две возила биле со неисправни сопирачки, исто толку немале извршено технички преглед, а едно имало истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а 3 возила веднаш се исклучени од сообраќај, соопшти МВР.

„При контролата, исто така, санкционирани биле и 3 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1), од кои 1 возило без потребните документи за вршење на јавен превоз. Ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период и посебно пред и со почетокот на новата учебна година, зашто од и кон Тетово и Гостивар секојдневно ќе се превезуваат и голем број ученици од основните и средните училишта на подрачјето. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците“, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата