Десетгодишно момче остана без нога по напад од ајкула кај архипелагот Флорида Кис

Од:

Ајкула нападнала 10-годишно момче кое било на одмор со семејството во архипелагот Флорида Кис и тешко го повредило, јавуваат американските медиуми.

Како што потврдија официјални лица, момчето Џејмисон Ридер со хеликоптер било пренесено во болница во Мајами каде лекарите морале да му ја ампутираат ногата под коленото за да му го спасат животот.

Семејството соопшти дека бик-ајкула долга околу два и пол метри ја каснала ногата на момчето. Додека тој врескал и викал за помош, таткото со чамец му пришол на момчето и го извлекол од водата.

Хеликоптерот кој го однел детето пристигнал на местото на настанот помалку од еден час по инцидентот, а официјалните лица не соопштуваат детали за нападот.

Нападите врз луѓе во последно време зачестија во овој дел на Соединетите Американски Држави, но експертите тврдат дека повеќето од нападите се резултат на „промена на идентитет“, т.е. дека ајкулите ги каснуваат луѓето затоа што ги помешуваат со својот вид.

Би можело да ве интересира

Во стомакот на ајкула пронајдени останки на Американката која нуркаше во Индонезија

Предраг Петровиќ

Тинејџер бил каснат од ајкула додека вежбал за време на тренинг камп за спасители на Флорида

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Девојка во борба со ајкула, ја зграпчи, па доби удар во глава

Голема ајкула тешка 200 килограми е уловена во Будва

Горан Наумовски

Една од најопасните ајкули во светот е уловена во близина на Неум

ВИДЕО: Патник фрли камера во морето, глетката ги запрепасти луѓето

Предраг Петровиќ