ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е премиер и професор, а нема факултет меѓу 2000 универзитети на Шангајската листа

Од:

„Каква власт, такво образование, но и катастрофално рангирање на македонските универзитети кои ги нема на Шангајската листа. Уште едно потфрлање на владата на СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски е премиер и професор, а нема факултет од Македонија меѓу 2000 најдобри факултети на Шангајската листа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Со СДСМ И ДУИ е пробиено дното во образованието затоа што ниту една високообразовна институција од Македонија не се најде меѓу најдобрите 2000 на новото академско рангирање на универзитетите во Светот.

Уште еден „успех“ од серијалот на „Блескаме“ на ненародната власт на СДСМ и ДУИ.

Додека универзитетите во регионот се борат за место меѓу првите 1000, а некои од нив и меѓу првите 500 универзитети, ние се соочуваме со резултати кои одамна се алармантни, но што е полошо за нивно подобрување не се бори никој од релевантните институции.

Со Владата на Ковачевски македонското образование ниже само порази и е предмет на диктатура и распродажба.

Катастрофалните образовни политики се потврда дека образованието е на последно место на приоритети на оваа ненародна и предавничка Влада.

Без инфраструктурни проекти, без повисок стандард на професорите кои се со потпросечни примања, без вложувања во лаборатории и истражувачки центри е високото образование последниве неколку години. Наместо проекти во образованието, досегашните министри, дали од ДУИ или од СДСМ мислам само на по некој наместен тендер на нивни блиски фирми.

Учебници нема, свидетелства нема, ама затоа по диктат и уцени ќе се менуваат учебници во Македонија, ќе се ретушира историјата и ќе се менуваат лекции за историски настани и личности по урнек на бугарските барања“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”