Турската централна банка повторно ќе одлучува за каматните стапки в четврток

Од:

Комитетот за монетарна политика на турската цен трална банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Банката од почетокот на годината ја задржа основната каматна стапка непроменета на ниво од 14 отсто. Финансиската институција минатиот месец повторно одлучи да не ја менува основната каматна стапка.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е познат по неговото противење на високите каматни стапки. Спротивно на класичните економски теории, тој тврдеше дека високите каматни стапки ја поттикнуваат инфлацијата. На крајот на 2021 година, Ердоган побара од централната банка да ја намали основната каматна стапка од 19 отсто на 14 отсто во периодот септември-декември.

Серијата намалувања на каматните стапки минатата година предизвика валутна криза и пораст на потрошувачките цени.

Минатиот месец Турција објави инфлација од речиси 80 отсто на годишна основа. Податоците на Турскиот статистички институт (Туркстат) за јули покажуваат дека стапката на инфлација е зголемена за 2,37 отсто во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2021 година инфлацијата пораснала за дури 79,60 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија