(ВИДЕО) Каевски: Сите обиди за намерни провокации ги осудуваме, никој нема да го загрози концептот едно општество за сите

Од:

Ваквите провокации што доаѓаат од поединци се случуваа за жал многу често во минатото, се случуваат и сега. Разликата е во тоа што во минатото таквите провокации беа иницирани, поддржани и мотивирани од власта, сега сликата е поинаква. Ние како влада го креиравме и концептот едно општество за сите каде заедништвото и различностите се почитуваат и тоа придонесува за развој на нашето општество, одговори Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ, на новинарско прашање.

– Ги повикуваме сите поединци што шират вакви провокации и не и мислат добро на нашата држава, да престанат, бидејќи нема да не демотивираат, туку повеќе ќе не мотивираат да се бориме за концептот едно општество за сите да заеднички го развиваме и бидеме дел од прогресот на државата. Ги осудуваме сите оние кои на ваков начин на провокации ќе се обидат да предизвикаат штета на македонски јазик или било кој друг јазик во нашата држава или било кој друг етникум, затоа што овие провокации нема да донесат ништо добро во нашето општество. Затоа продолжуваме во насока да ги подобруваме односите во државата и концептот едно општество за сите и понатаму ќе функционира во насока за развој на нашата држава, додаде Каевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он