Музички времеплов со српски уметници на „Охридско лето“

Од:

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва носи „Музички времеплов“ на кларинетистот Андрија Минчиќ кој ќе настапи заедно со Тадија Минчиќ на фагот и во соработка со пијанистот Никола Цветковиќ.

Концертот на српските уметници ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот.

Андрија Минчиќ дипломира во класата на проф. Анте Гргин, а потоа специјализира камерна музика на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш. Како солист настапува на преку 200 концерти во земјата и во странство и тоа во Шпанија, Грција, Бугарија, Швајцарија, Велика Британија, Холандија, Франција, Турција, Катар, Португалија и Канада во некои од најпознатите сали во овие земји, како што се: „Концертгебау“ во Амстердам, „Палата на музиката“ и театарот во Барселона, „Тонхале“ во Цирих, „Аудиторио“ во Мадрид и др. Носител е на стипендија доделена од градот Ниш и на повеќе градски награди од областа на културата и уметноста. Во март 2013 година ја започнува педагошката кариера како доцент на одделот за дувачки инструменти на Факултетот за уметности во Ниш каде предава кларинет и група други предмети. Како саксофонист свири повеќе различни жанрови: џез, фанк, поп, електронска музика, а член е на Нишкиот Биг Бенд оркестар и други ансамбли.

Тадија Минчиќ е роден во 1990 година во Ниш и започнува да учи фагот со проф. Мирко Исаески (ФМУ Белград) а дипломира и магистрира во класата на проф. Еберхард Маршал на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Минхен. За време на студиите добитник е на 12 први награди на различни национални и интернационални натпревари и остварува солистички настапи со Симфонискиот оркестар од Ниш и со Камерниот оркестар од Солун. Од 2021 година тој е ангажиран како прв соло- фаготист на Симфонискиот оркестар на РТС во Србија како и во Филхармонијата во Дортмунд.

Пијанистот Никола Цветковиќ дипломира и магистрира на Факултетот за уметности во Ниш во 2013 година. За време на студиите учествува на бројни натпревари во земјата. Како соло уметник и камерен музичар настапува во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Белгија, Полска, Чешка, Словенија, Португалија, Русија, Канада, Катар, Украина и Латвија. Во 2017 година со дозвола на шведскиот бенд „Кататонија“, тој го издава албумот „Цветковиќ свири Кататонија- колекција на песни за соло пијано“ по што добива одличен одзив од почитувачите на нивната музика од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Криминална мрежа која фалсификува познати уметнички дела е откриена во Италија

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација