„Барселона се мафија. Треба да бидат казнети“

Од:

Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт го критикуваше раководството на Барселона за ситуацијата со неговиот сонародник Френки де Јонг.
Холанѓанецот е еден од низата луѓе кои се изненадени од постапките на каталонскиот гигант кои и покрај огромните долгови летово ангажираа скапи засилувања.

„Како можеш да купуваш играчи ако немаш пари? Мислам дека тоа е срамота. Претседателот Лапорта, насекаде, не престанува да се насмевнува со својата голема глава. Тој човек мисли дека е крал. Не разбирам, тоа е мало чудо за мене“, изјави поранешниот холандски репрезентативец и продолжи:

„Де Јонг? Не можеш така да се однесуваш со луѓето. Френки заработува премногу? Прво потпишуваш договор, а потоа треба да го испочитуваш или да се разделиш како што ти одговара, но тука не е така. Тоа е мафија и мора да бидат казнети“.

Де Јонг пред неколку дена беше вербално нападнат од навивачите на Барселона бидејќи не сака да се согласи на намалување на платата за да може клубот да ги пријави сите нови играчи.

Поранешниот играч на Ајакс потпиша петгодишен договор со клубот од „Камп Ноу“ во јануари 2019 година, а трансферот ја чинеше Барселона 75 милиони евра.

25-годишниот Де Јонг минатата сезона одигра 32 натпревари во Ла Лига и постигна три гола со исто толку асистенции.

Во текот на летото се шпекулираше дека тој би можел да се пресели во Манчестер јунајтед под водство на поранешниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Флик втор месец по ред е најдобар тренер во Ла Лига

А1он

(ВИДЕО) Срам за Реал Мадрид на Ел Класико: Барселона им го сервираше едно од најголемите понижувања во историјата

А1он

Јамал: Целта ми е да бидам легенда на Барселона, не одам никаде

А1он

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

Фудбалерите на Барселона го победија Ваљадолид со резултат 7:0

УЕФА ја казни Барселона поради нацистички поздрави и расизам