ВМРО-ДПМНЕ: Секој ден нови барања, нови изјави кои го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

Од:

Продолжуваат капитулациите на македонската дипломатија во односите со Бугарија. Секој ден нови барања, нови изјави кои го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Катадневно пристигнуваат нови и нови шамари од страна на бугарски политичари. И покрај потпишаниот Протокол, кои од Ковачевски и владата беше прогласен како голем успех, како што предупредувавме, повторно во Бугарија се спремаат нови документи и условувања, се вели во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„За сите понижувања, во договор со бугарските власти, Ковачевски, Османи и Маричиќ за реализација на сите нечесни намери пред граѓаните лажат дека Европската унија не приморува на истото.

Секоја ваква изјава е само уште една ноторна лага, за спас на политичките кариери и да си купат уште некој ден плус да останат на власт.

Нечесните намери од страна на оваа ненародна власт и властите на Бугарија се асимилација на македонскиот народ и бугаризација, а тоа не е европеизација на државата. Најголеми виновници за секое понижување на државата и македонскиот народ се Ковачевски, Османи и Маричиќ.

ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека нема да има промена на Уставот на Македонија, и покрај сите притисоци од страна на криминалците од СДСМ.

СДСМ и Ковачевски треба да се охрабрат и да прифатат одржување на Референдум за овој процес со Бугарија. Нека не се плашат да го слушнат гласот на народот за нивните предавнички и погубни политики“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми