Автобус со 48 деца од Србија кои се враќале од летување попладенево излета од автопатот Тракија во Бугарија. Според првичните информации има 12 повредени, од нив осум се деца. Две лица се тешко повредени. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
Сите патници во автобусот биле Срби. Автобусот има регистерски таблички од Шабац.
Повредените се пренесуваат во болница во Стара Загора.