Силно невреме со грмотевици зафати делови од Хрватска. Циклон на голема надморска височина се движи преку Јадранот, а најголем дел од врнежите во раните попладневни часови ја погодија централна Далмација. Локално наврнаа над 30 литри дожд на метар квадратен. Првиот пороен дожд ова лето го зафати и Сплит.
Огромните врнежи за кратко време предизвикаа поројни поплави во дел од градот. полавени беа повеќе улици што предизвика хаос во движењето и сообраќајот.
Во регионот на Сплит до 14 часот веќе наврнале 40 литри дожд на метар квадратен. Така, за еден час наврна повеќе дожд од просекот за цел август (38,6 мм).