ВИДЕО: Писателот Салман Ружди избоден со нож додека држел предавање

Од:

Писателот со индиско потекло Салман Ружди (75) бил нападнат денеска во Њујорк додека држел предавање во тамошниот институт. Непознат маж се качил на бината и го избодел писателот, јавуваат медиумите. Според АП, Ружди паднал или бил турнат, а напаѓачот бил совладан.

Се појавиja и снимки на кои се гледа моментот по нападот, многу луѓе на сцената му помагаат на Ружди. Многумина трчаат да помогнат, публиката е на нозе.

Тој присуствуваше на дискусија за Соединетите Држави како азил за писатели и други уметници во егзил и како дом за слобода на креативното изразување.

Ружди е познат по неговата книга „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година.

Писателот во Велика Британија беше принуден да се крие една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва) една година подоцна, со кој им нареди на верниците да го убијат писателот поради наводната навреда на исламот во романот.

Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но и дека нема да ја повлече.

Според исламската доктрина, еднаш изречената фетва никогаш не може да се повлече, особено ако лицето што ја изрекло починало во меѓувреме, како што беше случајот со Хомеини (1902-1989).

Ружди влезе во светот на литературата во 1981 година со романот „Децата на полноќта“, сместен во неговиот роден Мумбај, чие дејство започнува на полноќ на 15 август 1947 година, во моментот кога Индија се стекнува со независност од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху