Франција: Активисти за заштита на животната средина поради сушата ги наполнија дупките за голф со цемент

Од:

Членовите на колективот поврзан со Extinction Rebellion нападнале два терени за голф во Тулуз, ноќта меѓу средата кон четвртокот. Тие наполниле некои дупки со цемент и ги оштетија тревниците во знак на протест против полевањето на зелените терени, според нив непотребно трошење вода, јавуваат денеска француските медиуми.

Како што пренесува дописникот на МИА, два терени за голф во Тулуз беа цел на активисти од еколошкиот колектив „Кирику“, обвинувајќи ги за прекумерна потрошувачка на вода во екот на сушата.

Оштетено земјиште, дупки наполнети со цемент, поставени знаци на теренот… Цел на активистите беа теренот за голф Гарон, кој се наоѓа северно од градот, и тој на Виј Тулуз, појужно, пренесе радиото Франс Блеу.

Колективот Кирику, составен од членови на неколку здруженија на бранители на животната средина, како што е Extinction Rebellion, потсетува во соопштението за печатот дека „наводнувањето на зелените терени и времето за голф е дозволено како исклучок поради трошоците за одржување на овие многу луксузни терени“.

Мерка која активистите ја сметаат за апсурдна: „Овој жесток чин на саботажа одекнува како потег за директна акција во контекст на непрестајно блабла од политичарите кои никогаш не се осмелуваат да ги донесат потребните одлуки.“

Колективот дава бројка која датира од 2002 година и се однесува на сто терени за голф, кои имаат потрошувачка на вода еквивалентна на онаа на град со 500.000 жители (т.е. 5.000 жители за еден терен за голф).

Голф федерацијата ја осудува скратената дебата во последните денови околу потрошувачката на вода на терените за голф. „Само 1 до 2 отсто од вкупната површина на теренот за голф се наводнува“, потсетуваат од федерацијата.

Директорот на теренот за голф во Гарона, Никола Астие, за весникот „20 минути“ се брани од обвинувањата одговарајќи дека само ги полеваат терените. „Тоа се луѓе кои не се добро информирани за нашата потрошувачка на вода: ние ги полеваме само зелените, тоа е област што претставува само половина од фудбалското игралиште. Двајцата менаџери за голф најавија дека ќе поднесат жалба.

Денеска беше откажан фудбалскиот натпревар од Првата лига на Франција меѓу Лориен и Олимпик Лион, поради лошата состојба на зелениот терен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт