Иран подготвен да го прифати предложениот текст за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година

Од:

Иран е подготвен да го прифати финалниот текст предложен во Виена за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, но под услов да има и одредени гаранции, објави денеска иранската агенција „Ирна“.

Најавата доаѓа во време кога големите сили го чекаат одговорот на Техеран на предлогот за договор што на 26 јули го претстави шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

„Предлозите на Европската унија се прифатливи под услов да му дадат гаранции на Иран за различни точки“, вели неименуван ирански дипломат, без да прецизира кои гаранции се бараат, но истакнува дека САД не смеат да го доведуваат договорот во прашање.

Борел неодамна ги повика Техеран и Вашингтон да го коментираат предложениот текст.

Според иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, на Техеран му беше понудено укинување на некои од санкциите што ја задушуваат иранската економија, во замена за драстично намалување на неговата нуклеарна програма ставена под строга контрола на ОН.

Сепак, САД еднострано се повлекоа од договорот во 2018 година под претседателство на Доналд Трамп и ги вратија на сила казнените мерки. Како одговор, Иран постепено се повлече од своите обврски.

Договорот за иранската нуклеарна програма со официјално име „Заеднички сеопфатен план за акција“, беше потпишан во Виена во јули 2015 година од страна на Иран и групата „5 плус 1“ составена од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД) и Германија, како потписник во име на ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он